13 април, 2025
11:00 am
Улиците во централното градско подрачје
Почитувани,
Во овие тешки моменти за нашиот град, споделуваме длабока тага и сочувство со семејствата на загинатите, повредените и сите погодени од оваа трагедија.
Болката е неизмерна, но заедно, со поддршка и солидарност, ќе ја пребродиме оваа загуба.
Во знак на почит и солидарност со заедницата, трката Ротари Ран 2025 се откажува. ![]()
Сите што веќе уплатиле котизација можат да изберат рефундација на средствата или нивната уплата да биде префрлена за следната година.
Како Ротари клуб Кочани-Виница, остануваме посветени на поддршката на нашата заедница.
Во овие моменти, најважно е да бидеме заедно, да се поддржуваме и да покажеме дека сме тука едни за други.
Со искрено сочувство,
Ротари клуб Кочани-Виница ![]()
Видете ја листата на Пријавени