300,00 ден
Од трагедијата што се случи во Кочани од Rotary CLUB Kochani-Vinica, се роди проект “Феникс Центар“ со јасна мисија “Никој да не остане сам со својата болка“.
Во склоп на центарот во соработка со психолози предводени од Д-р Белевска се даваше психолошка и стручна подршка за младите, семејствата и заедницата после трагедијата.
Од собраните знаења, искуства и насоки е создадена книгата “МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НИЗ ЖИВОТНИТЕ ЦИКЛУСИ“.
Со секое купување на книгата Вие директно ја помагате мисијата на Ротари Феникс Центарот и неговата трансформација во првиот Технолошки стартап инкубатор („Феникс 2.0“).
Вратите на Феникс Центарот остануваат ширум отворени за секој на кој му е потребен разговор или психолошка помош. Но, на тоа пријателство додаваме и алатки за успех. На заздравувањето му додаваме напредок. Веруваме дека највисоката форма на почит кон минатото е да изградиме иднина во која нашите млади ќе бидат силни, вешти и независни.
Ротари Феникс Центарот еволуира во првиот регионален Технолошки Стартап Инкубатор. Сакаме Кочани да биде центар на иновациите. Сакаме нашите деца да работат со Вештачка интелигенција, да дизајнираат со 3D печатачи и да ја совладуваат роботиката, дроновите и електричните возила како и бизнис обуки – тука, во срцето на нашиот град.
Преку Ротари мрежата, ќе им донесеме ментори од целиот свет. Ќе им донесеме знаење кое ќе им овозможи да го освојат светот, без да мора да го напуштат домот.
Ова не е само технологија. Ова е доказ дека од пепелта на трагедијата, изградивме нешто што ќе го стави Кочани на мапата на иднината. Ова е нашиот начин да кажеме дека животот победува и дека креативноста е посилна од секоја несреќа.