За Ротари Клуб Кочани - Виница Служба над сопствените интереси
Здружение на граѓани Ротари Клуб Кочани – Виница
Од 2013 година успешно опстојува Ротари клуб Кочани во кој членуваат 25 истакнати граѓани од Кочани и од Виница кои под знакот на Ротари Интернационал кои имаат мисија да шират добра волја и помош за секого кому е потребна а во досегашното постоење успешно се спроведоа неколку хуманитарни акции и се помогна во делот на здравството, образованието, спортот и потребите на лицата со посебни потреби. Мотото на Ротари: Служба над сопствените интереси, најдобро ја опишува филозофијата на несебичното волонтерско служење на членовите на Ротари клубовите ширум светот. Една од главните заложби на членовите во Ротари клубовите е и работа во служба кон заедницата а ги опфаќа напорите кои ќе ги прават членовите на клубот за подобрување на квалитетот на животот на оние кои живеат во локалната заедница или општина.
Области на делување главниот фокус е поделен на 7 авении
Членови на клубот во мисија да шират добра волја и помош
Андон Гушков
Ангела Соколова
Билјана Динова
Биљана Митева
Благој Ситновски
Глигор Цветанов
Јован Шоповски
Кирил Шуперлиски
Коле Арсовски
Лазар Настевски
Орце Јовановски
Сашко Андонов
Сашко Трајков
Сотир Ангелов
Сузана Спасова
Тоше Манев
Васил Пендевски
Васил Таковски
Венко Лазаров
Владимир Павлов
Влатко Филиповски
Зафир Наков
Влатко Тасев
Зоран Тодоров
Претседатели
Почитувани,
Да се биде претседател на еден Ротари клуб секако е пријатно чувство од укажаната чест и доверба, но е и голема одговорноста да се биде водач на група од врвни професионалци и истакнати личности од локалната заедница кои под знакот на Ротари Интернационал имаат мисија да шират добра волја и помош за секого кому е потребна. Мотото на Ротари: Служба над сопствените интереси, најдобро ја опишува филозофијата на несебичното волонтерско служење на членовите на Ротари клубовите ширум светот.
Во досегашното постоење успешно спроведовме повеќе хуманитарни проекти и акции и се помогна во делот на здравството, образованието, спортот, потребите на лицата со посебни потреби и социјално загрозените семејства, младите. Богатството кое клубот го има се неговите членови. Со нашите спроведени дела Ротари клубот Кочани–Виница е клуб мошне препознатлив и позитивно прифатен не само во градовите Кочани и Виница туку и пошироко во Република Македонија и во соседните земји. Освен во локалната заедница Ротари клуб Кочани-Виница соработува и со другите клубови во Македонија и е активен во рамки на Сојузот на Ротари клубови во Република Македонија.
Она на што сме особено горди е да во двегодишното постоење на клубот остваривме и многу меѓународни контакти а потпишавме и повелби за збратимување со Ротари клуб Ниш Константин Велики Република Србија и Ротари клуб Банско-Разлог Република Бугарија. Искажуваме голема благодарност и до нашите донатори без кои сигурно немаше да можеме да ја вршиме нашата благородна Ротаријанска мисија. Нашата мисија и понатаму ќе биде да бидеме во служба на заедницата и да ги шириме мирот и добрата волја.
Зафир Наков
Актуелен Борд на клубот 2022/23
Владимир Павлов
Ангела Соколова
Актуелни Комитети 2022/23
За подобро фунционирање на Клубот, постојат неколку комитети. Секој комитет е предводен од еден Ротаријанец а во него челенуваат неколкумина други Ротаријанци.
-
Претседател на комитетот: Сашко Андонов
ЗАДАЧИ:
- Проценка на потребите од проектна интервенција од локален и национален интерес
- Поддршка при развој и имплементација на проекти од локален и национален интерес
- Оценување и препораки за заеднички проекти поддржани од СРКМ
- Следење на проектите на клубот по обем, време, финансии, квалитет, ресурси и набавки
- Извештаи за спроведените активности и документирано затворање на завршените проекти.
СОСТАНОЦИ
Понеделник, 20:00часот
Хотел СитиИН - Кочани
ИНФОРМАЦИИ ЗА СОСТАНОЦИ
Време: Понеделник, 20:00
Место: Хотел СитиИН
Град: Кочани
M. [email protected]
T. +389 71 270 702