13 април, 2025
11:00 am
Улиците во централното градско подрачје
Почитувани,
Во овие тешки моменти за нашиот град, споделуваме длабока тага и сочувство со семејствата на загинатите, повредените и сите погодени од оваа трагедија. Болката е неизмерна, но заедно, со поддршка и солидарност, ќе ја пребродиме оваа загуба.
Во знак на почит и солидарност со заедницата, трката Ротари Ран 2025 се откажува. Сите што веќе уплатиле котизација можат да изберат рефундација на средствата или нивната уплата да биде префрлена за следната година.
Како Ротари клуб Кочани-Виница, остануваме посветени на поддршката на нашата заедница. Во овие моменти, најважно е да бидеме заедно, да се поддржуваме и да покажеме дека сме тука едни за други.
Со искрено сочувство,
Ротари клуб Кочани-Виница
Видете ја листата на Пријавени