Skip to content

10 години Ротари Клуб Кочани – Виница

Дата:

14 мај, 2023

Време:

11:00 pm

Локација:

Хотел / Ресторан - Александар Парк

Почитувани,

Ја имаме чест и задоволство да Ве поканиме на Гала прослава по повод десет годишнината на Ротари клубот Кочани – Виница.

Со нетрпение Ве очекуваме да ни се придружите на овој хуманитарен настан. Заеднички да ја споделиме радоста за 10 годишното постоење на клубот,  да се дружиме и забавуваме, но и да донираме онаму каде што е најпотрeбно.

Собраните средства од вечерта ќе бидат наменети за реализација на проектот:

“Одред Вилино Коњче – Природна контрола на популацијата на Комарците” 

Проектот е од огромно значење за нашиот регион и е составен од повеќе фази. Првата фаза, поставување на монументална уметничка инсталација Вилино Коњче е веќе завршена и треба да послужи како мотиватор и потстетник за идните фази од проектот. Време е да се премине на втората фаза а тоа е стручна студија, заловување, детермнирање на типот и подтипот како и изработка на стратешки план за делување на одржлив – природен начин на контрола на популацијата на комараците,  кој треба да влезе во програмите на сите општини кои гравитираат во Кочанската Котлина.

 

Регистрирајте се и платете ја вашата котизација онлајн овде.

Со секоја уплатена котизација добивате влезница за настанот со вклучена вечера и конзумација како и благодарница за донацијата.

 

Сабота, 13.05.2023 година,  прием: 19:00 – 20:00 часот 

Локација: Хотел Ресторан Александар Парк – Виница

Дрескод: Формал

 

Со почит и во надеж на позитивен одговор на оваа покана,                                                                                                              

Сашко Андонов, Претседател 2022/23,   +389 71 270 702

Васил Пендевски, Секретар 2022/23,     +389 72 273 242

Ротари Клуб Кочани – Виница

 

Настанот заврши
  • Хотел / Ресторан - Александар Парк
  • Маршал Тито
  • Виница
  • Македонија

Детали

  • 14 мај, 2023 11:00 pm
Сподели со пријатлите
Додади во календарот