1 декември, 2023
8:00 pm
Мулти Културен Центар
Ја имаме честа да Ве поканиме да ни се придружите во Петок 01.12.2023 година во Мулти Културниот Центар – Кочани на Комичната Опера “Слугинка Господарка” од Ниш
Kомичната опера “Слугинка Господарка” за прв пат била изведена во Неапол во 1733 година и веднаш доживеала огромен успех кој обезбедил нејзино траење до денес.
Во една стара вила во Неапол, живее воображениот ерген Уберто со своите слуги. Слугинката Серпина, млада и убава, не ја бива за домашна работа, мрзелива е и дрска и фантазира за подобар живот. Преку многу трикови, Серпина со помош на глупавата слугинка Веспоне успева да го надмудри и заведе Уберто и да стигне до својата цел. Уберто сфаќа дека цело време ја сакал Серпина, па целата приказна има среќен крај.
ЛИЦА:
Серпина, слугинка: Маријана Давиниќ, сопран
Уберто, газда: Марко Милисављевиќ, бас-баритон
Веспоне, слуга: Александар Стевановиќ, актер
Слугинката: Анѓела Станковиќ
Режија: Милош Цветковиќ
Диригент: проф. Ивана Мировиќ
Чембало: Анѓела Станковиќ
Членови на оркестарот: Алекса Спасиќ, прва виолина
Миљана Трујановиќ, втора виолина
Анѓела Догоњиќ, виола
Наташа Палиќ, виолончело
Дописник: Анѓела Станковиќ
Сценографија и костими: Драгана Бреза и Душан Станковиќ
Кореограф, сценско движење: Даница Ничиќ
Техничка имплементација:
Роберт Драгутиновиќ
Немања Павловиќ
Времетраење на операта е 53 минути.
Гостувањето на Операта е под покровителство на Ротари Клуб Кочани-Виница и Ротари Клуб Штип во соработка со Фондацијата за Локален Развој Штип и УСАИД.
Сите собрани средства од претставата ќе бидат употребени во хуманитарни цели за Основното Музичко Училиште “Ристо Јуриков” – Кочани.
Купете ја вашата карта онлајн подолу, или на следниве продажни места:
Пролет Бар – Кочани
Александар Парк – Виница